Фудбал
16. October 2020 - 9:11

Италијанскиот министер за спорт - Роналдо го прекршил безбедносниот протокол со враќањето во Торино

 Италијанскиот министер за спорт, Винченцо Спадафора изјави дека напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, кој претходно се зарази со коронавирус, го прекршил протоколот за безбедност кога се вратил во Торино.

– Сметам дека тој го прекрши протоколот затоа што немаше посебна дозвола од здравствениот орган, рече Спадафора на „Раи Радио“.

Јувентус издаде соопштение за враќањето на португалскиот напаѓач во Торино.

– Кристијано Роналдо се врати во Италија со медицински лет, дозволен од здравствениот орган на барање на играчот. Фудбалерот ќе продолжи да го почитува режимот на самоизолација дома, се вели во соопштението.

Фактот дека Кристијано Роналдо се зарази со коронавирус стана познат во вторникот, на 13 октомври.