-->
-->
Италијанскиот амбасадор Белели во посета на Кочани
-->

Италијанскиот амбасадор во Р.Македонија, Ернесто Масимино Белели, во рамки на посетата на Кочани оствари средба со градоначалникот Ратко Димитровски, на која разговарале за соработката на планот на производството на ориз, искористувањето на геотермалните води и планинскиот туризам.
- Како држава заинтересирана за производството на ориз ќе донесеме стручњаци-експерти за развојот и унапредувањето на оризопроизводството, посебно за италијанската сорта ориза Сан андреа, семе кое ќе ги зголеми приносите и производството. За почеток го ставаме на располагање нашиот експерт по земјоделство кој работи во Министерството за земјоделство во Скопје, за целосно искористување на неговото искуство во оризопроизводството, истакна амбасадорот Белели.
За градоначалникот Димитровски посетата е од особена важност бидејќи голем број граѓани на Кочани живеат и работат во Италија.
- Соработката со нив е повеќе од корисна, истакна Димитровски.
Амбасадорот Белели присуствуваше и на трибината „Твој избор-твој глас“ на која, како што истакна тој, имавме за задача да ја пренесеме пораката до народот и општината Кочани да работат заедно со нас, да се знаат кои се правата на гласачите за да на престојните избори во јуни гласаат слободно. За таа цел, рече амбасадорот Белели, промовиравме флаер кој ќе им го разделиме на граѓаните на Кочани за нивните права како гласачи, а е печатен на македонски, турски и ромски јазик.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Епидемиолошката состојба со западнонилска треска – 35 потврдени случаи, 3 смртни случаи
-

Овчарите бараат итна вакцинација: Над 50 жаришта, уништени до 10.000 овци
-

Тема на денот со Ана Михајлов, директорка на Националната агенција за европски образовни програми
-

Од Македонија до Солун со лажен товар – „Вардарис“ разоткри меѓународен шверц на дрога
-

Мицкоски: Инфлацијата меѓу најниските во регионот
-

Пожарот во Зелениково наврме локализиран, спречена опасноста да зафати куќи и викендици
-

Мицкоски: Истрагата за водата во Гостивар може ќе открие и други одговорни во случајот
-

СДСМ обвинува за притисок врз директори
