Италијански полицајци ќе ја надгледуваат албанската-грчката граница

Италијански полицајци ќе ја надгледуваат албанската граница со Грција. Први, кои, веќе следната недела, ќе им се придружат на албанските полицајци се инструктори, а потоа и експерти. Исто така ќе биде донесена и современи апарати за контрола и набљудување на границата, јави дописникот на МИА од Тирана.
За доаѓањето на италијанските полицајци разговарале италијанскиот министер за внатрешни работи Ангелино Алфано и неговиот албански колега Саимир Тахири, кои договориле и конкретни детали за начинот на мониторирањето на границата. Тоа подразбира дека дел од Италијанците ќе ја конролираат зелената граница, додека другите ќе асистираат на граничните премини.
- Сето тоа за спречување на тероризмот. Минувањето на терористи прикриени меѓу мигрантите е аларм за сите земји во регионот, но до сега никој нема конкретна информција како ќе се депортираат во ЕУ, објави албанскиот весник „Шекули“.
Според истиот извор, албанските експерти од областа на безбедноста сметаат дека на овој начин ќе се успее да се блокира секоја можност за индивидулано минување на терористи преку Албанија, имајќи ги во предвид поголемото искуство на италијанските полциајци во оваа област.
Кога станува збор за морската граница, таа ќе се обезбедува преку поинтензивна размена на информации, бидејќи подолг период веќе има заеднички патроли.
Ново на Сител
-

Петрова: Условот е европски
-

Тема на денот со Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на Собранието
-

Планот на Мерц пред лидерите на Западен Балкан во Тиват
-

СДСМ: Младите на референдум да одлучат за иднината
-

Гужвите на Богородица продолжуваат - Грција бара нови решенија
-

13 годишник загина возејќи електричен тротинет во Куманово - дали е потребна построга регулатива?
-

Вештачката интелигенција, помош или опасност за младите
-

Владата викендот ќе одлучува дали ќе продолжат мерките за горивата
