Италијански кардиохирурзи: Во Македонија кардиохирургијата се движи во вистинска насока
За секоја држава е многу важно да има јавна кардиохирургија бидејќи јавното здравство е отворено и достапно за секого и во секое време, а и некои од најсложените зафати како итни случаи најчесто се прават во јавното здравство, изјави Антонио Мариа Калафиоре, италијански кардиохирург, кој денеска и утре престојува во Македонија за да одржи предавања на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија.
Според него, неопходно е да се создаде јавен оддел кој ќе биде добро опремен, ефективен и опслужуван.
- Најважно е тоа да се направи преку наоѓање луѓе од земјата кои што работат, а ние ќе помогнеме со опрема и неопходната техничка помош, изјави Калафиоре, кој е еден од основоположниците на европската и светската кардиохирургија и по чии методи се работат неколку минимално инвазивни техники на срцето.
Тој смета дека во Македонија работите во кардиохирургијата се прават на вистински начин и оти иницијативата за вакви предавања е добра бидејќи се разменуваат искуства меѓу кардиохирурзите.
Неговиот колега кардиохирургот од познатиот Римски универзитет „Ла Сапиенца“, Антонино Маруло, кој исто така ќе одржи предавања во Скопје, смета дека е најдобро е да се направи микс од клиничка и универзитетска програма, како што е случајот во Македонија бидејќи Универзитетот мора да биде насочен кон иновации и многу тешки случаи, а не само на рутински зафати и стандардни секојдневни операции.
- На овој начин тие прават добар напор, а новиот оддел е многу добро опремен. Во иднина можеби ќе треба да се зголеми бројот на легла и помагала, бидејќи сигурен сум дека одделот ќе го привлече вниманието на пациентите, истакна Маруло.
Кардиохирургот Сашко Јовев од Државната кардиохирургија во Скопје оцени дека мошне добро се развиваат и оти работат цел спектар на кардиохируршки операции.
- До денес имаме 446 операции од кои повеќето од 350 се кардиохируршки кои се со одлични резултати. Минимално инвазивно вршиме замена на аортната вавула, а во блиска иднина се подготвуваме на минимален инвазивен пристап кон реконструкција на залистот кој се наоѓа меѓу левата преткомора и комора, истакна доктор Јовев.
Ново на Сител
-
Почнува судењето против Васил Јованов кој пред 4 месеци смртно ја прегази Фросина на Партизанска
-
Уапсен убиецот кој пукаше во штипското кафуле и неговите помагачи во бегството, сите се турски државјани
-
СДСМ обвинува дека убиствата станаа секојдневние, Тошковски нема контрола над безбедноста
-
Москва одбележува 80-години од победата над фашизмот
-
9 мај - Ден на победа над фашизмот
-
Почна најмасовна волонтерска акција за чистење на отпадот - Генералка викенд
-
Младите се помалку се обучуваат за спасители на вода
-
Преглед на вестите од светот