Италијанската полиција уапсила медицинска сестра која извршила сериски убиства
Италијанската полиција синоќа уапси медицинска сестра, осомничена за 13 убиства на пациенти во болницата во Тоскана во периодот од 2014-2015 година, јавува ТАСС.
Сестрата именувана како „убиецот од болничкото крило“, е обвинета за повеќе убиства, кои ги извршила додека работела на оделението на интензивна нега во болницата во Пбомбино, град на крајбрежјето на Тоскана.
Се смета дека смртта кај пациентите ја предизвикала со инјектирање на лекови кои не биле наменети за тие пациенти.
Италијанската полиција одби да даде повеќе информации за случајот.
Ова не е првиот случај во последните години, во кој италијанска медицинска сестра е обвинета за сериски убиства.
Претходно овој месец, судот во Равена одреди доживотна казна за медицинската сестра Даниела Поџали, обвинета за убиство на пациент со смртоносна инјекција од калиум.
Поџали е под истрага за уште 10 сомнителни смртни случаи на пациенти.
За време на истрагата пронајдена е фотографија на која Поџали е фотографирана со трупот на еден од починатите пациенти.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден