Бизнис
9. August 2016 - 8:34

Италијанската компанија „Фереро“ заинтересирана за македонските лешници

Италијанската компанија „Фереро“ е заинтересирана за откуп на лешници од Македонија. 

По овој повод, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и државниот сектетар за земјоделство, шумарство и водостопанство Бесир Јашари денеска ќе се сретнат со претставниците на компанијата, Гофредо Перна и Томасо Патикнина.

„Фереро“ на македонскиот пазар се познати по чоколадните бонбони „Рафаело“ и „Фереро рошер“.