Италијанската „Фереро“ ќе поставува опитни парцели со лешници во Македонија

Италијанската компанија „Фереро“ е заинтересирана за поставување опитни парцели лешник во Македонија, поради што од државата бара под концесија 10 до 20 хектари земјоделско земјиште.
„Фереро“, позната по еурокремот „Нутела“ и чоколадните бонбони „Рафаело“ и „Фереро рошер“, во наредните четири - пет години ќе утврдува кој вид лешник најдобро успева, а потоа планира производство.
Претставниците на компанијата, Гофредо Перна и Томасо Патикнина, за оваа цел денеска имаа средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, како и со државниот секретар Бесир Јашари.
- Ќе сториме се за да и излеземе во пресрет на италијанската компанија со единствена цел - поголемо и квалитетно производство. Ќе утврдиме каде има слободни површини. За најповолни се сметаат регионите на Охрид, Струга и Ресен, истакна Јашари по средбата.
За поттикнување на производството на лешници во земјава, додаде, интервенирано е со законски измени кои предвидуваат давање земјиште под концесија на 70, а не на 30 години како досега.
- Тоа е многу сериозен и битен чекор кој, според увидот на терен, дава резултати. Површините во последните години се зголемени од 400 на 600 хектари, а просечното производство на нелупен лешник каков што се бара на европскиот пазар достигнува два до три тони по единица површина. Дополнително, државата обезбедува и субвенции од 33.000 денари за одржување на насадите, 2,5 денари за предаден род, 25 денари за производство на садници од домашни компании, а на располагање се и ИПАРД средства за модернизација на производството, укажа Јашари.
„Фереро“ ја реализира посетата на Македонија на покана од фирмата „Ал Јунајтед“ со која соработува, а која во Македонија има 37 хектари засадени со лешник.
- Пред повеќе од десет години дојдовме и ги скениравме состојбите за производство на лешник. Досега ги опсервиравме сите можности за продолжување на овој бизнис тука. Особено сме задоволни од владините политики и измените на законските решенија за поттикнување на одгледувањето на оваа култура. Гледаме дека државата е многу заинтересирана и вложува максимални напори во оваа насока, истакна Перна.
Ново на Сител
-

Контрола на полицијата на патниот сообраќај во неколку општини, уапсено едно лице, изречени 12 мерки
-

Светските лидери го осудија вооружениот инцидент во Вашингтон
-

Уапсен возач кој во Кичево удрил 60-годишен пешак и го повредил
-

Од вторник до крајот на неделата повремени врнежи, на места пороен дожд со грмежи и пониска темепература
-

Путин им се заблагодари на севернокорејските војници за помошта при ослободување на Курската област
-

Николоски: ЕУ помага за изградба на коридорите, Македонија има уникатна положба и сакаме економски да ја искористиме
-

Арагчи повторно ќе го посети Пакистан
-

Првата линија од Градски воз во функција од 1 септември
