-->
-->
Италијаните го прогласија Раниери за најдобар
-->
Голден Стејт и Мајами играа продолженија против своите опоненти Портланд, односно Торонто и забележаа победи во конференциските полуфиналиња во НБА лигата. Голден Стејт води против Портланд со 3-1, додека Мајами го израмни резултатот во серијата со Торонто на 2-2.
Стеф Кари, поради повреда на коленото, пропушти четири натпревари во плејофот, но се врати во вистински момент за да му помогне на тимот да направи брејк во Портланд.
Голден Стејт славеше во драматичен меч со 135:125, а во регуларниот дел, неговите кошаркари не реализираа два шута за победа. Во продолжението блескаше Стеф Кари, кој постави нов рекорд во лигата, постигнувајќи 17 поени во дополнителните пет минути.
Кари натпреварот го заврши со 40 поени (11/16 за два, 5/6 за три), девет скокови и осум асистенции. Неговиот учинок најдобро го испратија Клеј Томпсон кој постигна 23 поени и Дрејмон Грин кој натпреварот го заврши со 21 поен, девет скокови и пет асистенции.
На одличната игра на Демијан Лилард не му помогна на Портланд да го избегне поразот. Лилард забележа 36 поени, 10 асистенции и шест скокови.
Ппродолженија се играа и во Мајами, а на крајот домаќинот, предводен од неверојатниот Двејн Вејд (30 поени), забележа победа 94:87 и израмни во серијата на 2-2.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство
-
Две возила учествувале во сообраќајката кај Собранието, во која се повредени две лица
-
Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје
-
Димитриеска Кочоска: Индустријата зазема стабилен курс на раст
-
Гувернерот Славески на Годишното генерално собрание на БИС
-
Администрацијата на Трамп му се закани на Харвард со укинување на федералното финансирање
-
УКРО: Сите пациенти добиваат терапија, достапни се лековите за третман на онколошки заболувања
-
Јанев: Полицијата е првата линија на одбрана на сообраќајната култура