Италија: Приведени 22 лица при потрага по озлогласениот мафијаш Денаро
Италијанската полиција денеска приведе 22 лица, осомничени дека се дел од сицилијанската мафија, а во рамки на операцијата за потрага по најбараниот италијански мафијаш, шефот на „Коза ностра“ Матео Денаро.
Рациите се спроведени во провинцијата Трапани, во западниот дел на Сицилија, а цел беа членови на т.н. мрежа „пицини“, што се однесува на систим шифрирани пораки напишани на хартија, поради кои Денаро е се уште во бегство.
Матео Денаро (55) е во бегство од 1993 година. Познат е и како „Ролекс“, затоа што, покрај убавите жени и брзите автомобили, сака и скапи часоници, и Дијаболик, поради својата крвава историја.
Досегашната истрага против него не даде никакви резултати, иако се уапсени речиси сите негови роднини, меѓу кои и брат, сестра, нејзиниот маж, нивните деца.
Денаро се смета за можен наследник на „шефот на шефовите“ Салваторе Тото Рина, кој минатата година почина во затвор, каде издржуваше затворска казна од 26 доживотни робии.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња