Свет
1. October 2017 - 12:04

Италија му ускратува гостопримство на новиот севернокорејски амбасадор

Италија му нареди на новиот амбасадор на Северна Кореја да ја напушти државата протестирајќи со тоа против севернокорејската нуклеарна програма.

Италијанскиот министер за надворешни работи Анџелино Алфано таа одлука ја објави во интервју за весникот Република.

– Донесовме цврста одлука да го запреме процесот на акредитирање на амбасадорот и тој ќе мора да ја напушти државата. Сакаме Пјонгјанг да разбере дека изолацијата е неизбежна ако не го променат курсот, изјави Алфано.

Тој додаде дека Италија не сака да ги прекине во целост дипломатските односи.