Италија ќе го обнови военото патролирање покрај брегот на Либија
Италијанската влада на посебна седница одлучи да го обнови военото патролирање покрај брегот на Либија за да се спречи натамошниот наплив на мигранти од Африканските земји, преку Медитеранот во Италија и ЕУ.
Во оваа операција се предвидува да учествуваат воени бродови и авиони, над 700 моранирички сили, како и придружни бродови.

Мисијата има за цел да и се помогне на Либија да ги обнови своите капацитети за контрола на нејзините граници и државната територија- изјави во Рим, италијанскиот премиер Паоло Џентилони.
Според неговото објаснување, за операцијата била побарана согласност од либиската влада која ја има поддршката на ОН, но во Триполи ја отфрлија ваквата изјава на италијанскиот премиер како неточна и тврдат дека немало такво барање од Рим.
Премиерот на оваа влада, Фајез Сарај претходно изјави дека согласност била дадена за прием на војници за обука на либиските сили и за оружје од Италија.
Владата на Сарај има сосема ограничена контрола врз либиската територија. Нејзиниот премиер, во средата имаше средба со италијанскиот премиер Џентиљони, по која соопшти дека барал од Италија погранични сили за јужната граница на Либија.
Оваа граница по соборувањето на Моамер Гадафи од власт, е оставена без надзор и контрола, па сега служи како „главна врата„ за навлегување на мигранти од африканските земји на либиската територија, настојувајќи да се префрлат до медитеранскиот брег.
Оваа година, околу 94 илјади мигранти го минаа Медитеранот и пристигнаа во Европа. Над 2400 настрадаа на тој пат, давејќи се при превртувањето на главно недоволно опремените чамци за едно вакво патвање.
Владата во Рим сега настојува, воените бродови да ги пресретнуваат и враќааат на либиска територија мигрантите, додека се во територијалните води на Либија.
Ново на Сител
-

Уапсен 28-годишник од гостиварско, пронајдени кокаин и марихуана
-

Светски ден на менталното здравје: Барањето помош не е слабост, секој човек заслужува да биде слушнат и разбран
-

Изложба по повод 80 години од пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во Скопје
-

Трамп: Норвешка има „неизбришлива дамка“ зашто не ми додели Нобелова награда за мир
-

Анкета на МКД.мк: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и натаму во убедливо водство
-

Киев со остри критики по одлуката на САД да ги ублажат санкциите за рускиот дизел
-

Прогласена „голема катастрофа“ во Панама по силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени
-

На парламентарните избори во Србија ќе учествуваат 18 партии и коалиции
