Бизнис
14. April 2021 - 20:00

Ит индустријата со двоцифрен раст во пандемиската 2020

Ит индустријата со двоцифрен раст во пандемиската 2020. Велат дека кризата не влијаела на секторот кој нормално функционира и со работа од дома. Лани растеле сите бројки во оваа дејност, а трендот продолжува и годинава.

Претставници на МАСИТ денеска се сретнаа со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски најавува сериозна поддршка за секторот кој ќе биде водечки во претстојниот период.

Ит индустријата во последната деценија бележи забрзан раст. Бројот на вработени во секторот се искачи на 16.000 и тие важат на најплатени работни места во земјава. Лани овие компании направиуле извоз во врендост од 230 милиони евра, а платиле данок од 12,5 милиони евра.