Истражување за туризмот во пограничниот регион Крива Паланка - Ќустендил

Регионалниот центар за соработка „Спектар“ од Крива Паланка во партнерство со здружението „Младински општински совет - Ќустендил" од Бугарија спроведува истражување на тема „Можности и предизвици во обезбедувањето на квалитетни туристички услуги и производи во прекуграничниот регион Бугарија-Македонија".
- Целта на анкетата и истражувањето е да се процени статусот на туристичките услуги и производи во прекуграничниот регион Бугарија-Македонија и на оваа основа - изготвување на препораки за подобрувања, вклучувајќи ги квалификациите на персоналот, маркетинг и рекламирање, како и претприемништвото во туристичкиот сектор, изјави Методи Цветковски од „Спектар“.
Анкетата е насочена кон претставници на регионалните органи на власта, локалната власт, бизнис секторот, граѓанското општество, образовните и стручните организации, локалното население, како и туристите, посетителите и другите заинтересирани страни.
- При подготовката на проектот беше направено истражување во областа на претприемништвото во двата региони - Ќустендилската област во Бугарија и Североисточниот регион во Македонија и беа констатирани потешкотиите и предностите во областите од двете страни на границата. Врз база на анкетното истражување коешто се спроведува онлајн и ќе трае до 10 февруари, на полноќ, во претстојниот период ќе се спроведат работилници и тркалезни маси на оваа тема, истакна Цветковски.
Истражувањето е дел од проектот „СТЕПС - Поддршка на претприемништвото и популаризирање на услугите во туризмот", кофинансиран од Европската унија, Бугарија и Македонија преку Програмата ИНТЕРРЕГ-ИПА ПС БГ-МК. Целта на проектот е зголемување на квалитетот на туристичките услуги во прекуграничниот регион преку зголемување на квалификациите и стимулирање на претприемништвото меѓу младите.
- Првата работилница од проектот ќе се одржи на 24 февруари во Ќустендил, а на 25-ти во Крива Паланка. Целна група се младите над 18 години, невработени и студенти, рече Цветковски.
Предвидена е изработка на акциски план за поддршка на туризмот, врз основа на кој подоцна ќе се градат соодвени туристички продукти.
Ново на Сител
-

MATTO FOR GOOD – хуманитарен бранч по повод 5 години Matto Napoletano
-

Град Скопје: Кејот на Вардар со нови клупи и урбана опрема за подобро урбано искуство
-

Руте: Американскиот нуклеарен чадор е најголемата гаранција за слободата во Европа
-

Европскиот парламент го усвои извештајот за Македонија
-

Роналдо: Време е да дадеме сè за нашата земја
-

Мицкоски: Европратениците да се држат до европските вредности
-

Пицула: Власта во Србија нема политичка волја да комуницира со ЕП
-

Мицкоски: Ова не е спринт, ова ќе биде маратон, имајќи ги предвид грешките од минатото
