Истражување: Вакцината нуди подобра заштита за лицата кои прележале Ковид-19

Лица кои прележале Ковид-19 имаат пет месеци поголема заштита од реинфекција отколку лица кои само ја примиле вакцината на Оксфорд/ АстраЗенека, а истото важи и за вакцината на „Фајзер“, соопшти англиската Национална јавна здравствена служба (PHE).
Податоците од истражувањето „PHE Siren“, кое го следи здравјето на повеќе од 20.000 медицински лица во повеќе од 100 градови во Велика Британија, покажаа колку здравствени работници имаат заболено од коронавирус повеќе од еден пат.
Утврдено е дека 6.614 медицински работници добиле вирус во првата половина на 2020 година, а само 44 лица од оваа група повторно се разболеле од корона, објави „Дејли меил“.
„PHE Siren“ додава дека ова значи дека луѓето кои прележале Ковид-19 имаат 83 проценти заштита од реинфекција, а исто така имаат помала веројатност да развијат посериозни симптоми во случај на повторување на болеста.
Додадено е дека само 15 од 44 лица кои повторно се заразиле развиле симптоми на Ковид-19, останатите биле асимптоматски случаи.
Истражувачкиот тим соопшти дека можат да потврдат дека природниот имунитет на Ковид- 19 трае најмалку пет месеци, колку што толку трае истражувањето, што ќе продолжи во следните 12 месеци.
Ново на Сител
-

Новогодишна елка ќе има, плоштадот ќе се украсува од понеделник
-

Вработените во министерството за економија и ДПИ не сметаат дека придонеле да се запали „Пулс”
-

Тема на денот со Трпе Стојановски, експерт за миграции
-

Судење за „Пулс“
-

Насилен упад во редакцијата на Инфомакс, напаѓачот е приведен, здруженија и партии бараат најстрога казна
-

Предлогот за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието
-

Филипче повика на обединување против мигранти
-

За да земаат поголеми плати, судии бараат од Уставен да ги укине намалените коефициенти за пресметка
