Истражување на Стопанската комора за потребите на стопанствениците
Неефикасната и спора администрација им создава проблеми во работењето на компаниите. Стопанствениците бараат двојно намалување на казните, поедуцирани даночни административци како и искоренување на праксата на зачестени даночни контроли кај исти компании и раководни лица. Од друга страна бизнисмените се изјасниле и за поефикасно спроведување на цариснките процедури на граница за поголема конкурентност во меѓународни рамки. Ова го покажува Анкетата на Стопанската комора спроведена меѓу компаниите членки.
Проблемите и барањата на компаниите ги слушнаа и раководните лица на УЈП и Царинската Управа како институции кои се клучни за нивната работа. Лукаревска меѓудругото информираше дека се работи на текстот за персоналниот данок на доход кој ќе се применува од следната година.
За да се олесни движењето ан стоките на граничните премини ќе почне заедничкото царинење со Србија, а во тек се и преговорите со Албанија и Косово.
Стопанската комора денеска додели награди на компаниите за реализираните инвестиции во земјата минатата година. Фирмите за најдобар партнер од институциите ја избраа Народната банка.
-
Александра Деспотовска
Сите содржини од овој новинар