Истражување: На кучето треба полека да му се говори
Сопствениците на кучиња треба полека да разговараат со својот миленик ако сакаат да се зближат со него, покажува ново истражување на Универзитетот на Женева, Швајцарија.
Истражувачите ги анализираа звуците што ги создаваат 30 животни. Потоа го испитувале говорот на 27 лица кои зборуваат пет јазици и 22 луѓе кои разговараат со кучиња. Научниците користеле и електроенцефалографија (ЕЕГ) за да ги испитаат реакциите на мозокот на говорот и кај луѓето и кај кучињата. Заклучоците велат: Разбирањето на кучињата на човечкиот говор зависи од бавното темпо, коешто помага човекот подобро да се поврзе со нив.
Унгарските истражувачи ја мереле и мозочната активност на кучињата со помош на магнетна резонанца и откриле сличности меѓу начинот на кој бебињата и кучињата го обработуваат говорот со претерани интонации, познат како „бебешки разговор”, објави списанието „Плос бајолоџи“ (Plos Biology).
Студијата покажува дека луѓето зборуваат многу побрзо од кучињата – со околу четири слога во секунда. Во исто време, овие животни лаат, ‘ржат или цимолат со брзина од околу две вокализации во секунда.
Кога зборуваат со кучиња, луѓето го успоруваат говорот на околу три слога во секунда, што укажува на одредена вродена свест за потребата да се зборува побавно со животните.
Стручниот напис истакнува: „Иако кучињата не можат да испуштаат артикулирани звуци, тие реагираат на говорот. Користејќи ги акустичните анализи на кучешките вокализации, покажуваме дека нивната основна стапка на создавање е побавна од онаа на луѓето и дека говорот од човекот кон домашното милениче треба да биде со средната стапка меѓу онаа на луѓето и на животните. Истражувањето за нервните и бихејвиоралните реакции на говорот открива дека разбирањето кај кучињата се заснова на побавен ритам на говор отколку кај луѓето.“
И претходни истражувања на научници од Унгарија посочуваат дека кучињата покажуваат поголема чувствителност на говорот насочен кон нив отколку на говор насочен кон други луѓе, особено ако говори жена.
Ново на Сител
-
Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност
-
Претрес во Охрид, пронајдена дрога
-
Мицкоски: Ни треба деполитизирана администрација, каде клучни ќе бидат стручноста и посветеноста
-
Баерн го израмни рекордот на Барселона за непобедлива серија на домашен терен во ЛШ
-
Повеќе од 3.000 фалсификувани гитари Gibson запленети во Калифорнија
-
Во Берово утрово најстудено, Крушево најтопло
-
Скопје 4-ти на неславната листа на најзагадени градови во светот
-
Европратениците ќе гласаат за одобрување на новата Европска комисија