Истражување: Мексико е земја со најмногу убиства во светот, по Сирија
Мексико во 2016 година била земјата со најмногу регистрирани убиства во светот, по Сирија, соопшти лондонскиот Меѓународен институт за стратегиски истражувања, цитиран од француските медиуми.
- Во Мексико минатата година беа извршени 23.000 убиства со умисла, додека во Сирија имало 60.000 вакви убиства - земјата во која веќе шест години беснее граѓанска војна, изјави експертот на институтот, Антонио Сампајо.
Бројките на ваквата криминална активност достигнаа вредности на вооружен конфликт. Имено, овие убиства забележливо се случуваат во северниот триаголник на Централна Америка (Хондурас, Гватемала, и Салвадор, каде се регистрирани 16.000 убиства), и особено во Мексико, додаде Сампајо.
Додека во Хондурас, Гватемала и Салвадор се забележува извесен пад на бројот на убиства, во Мексико е спротивното - таму тие во периодот меѓу 2015 и 2016 година се зголемиле за 11 проценти.
Институтот смета дека ова зголемено насилство е последица на одлуката на мексиканскиот претседател Фелипе Калдерон од декември 2006 година, кога и објави војна на нарко мафијата во земјата.
- Во конфликтот што следеше меѓу декември 2006 и ноември 2012 година во убиства со умисла животот го загубиле 105.000 лица, кажа Сампајо.
Растот на насилствата меѓу 2015 и 2016 година се должи на натпреварот во вооружување меѓу картелите, чија цел е да утврдат автономија во градските реони за незаконските активности, како шверц на кокаин, производство на хероин и секојдневно зголемување на бројот на лабораториите за синтетички дроги, објасни тој.
Ново на Сител
-
Џака нема дозвола од Баер Леверкузен за трансфер во Милан
-
Лалана ја заврши кариерата
-
Карлос Саинц ја повлече кандидатурата за претседател на ФИА
-
Тркалезна маса во МАНУ „Геополитичкиот пејзаж и проширувањето на ЕУ: Перспективи за Северна Македонија и другите земји-кандидатки од Западен Балкан“
-
Фон дер Лајен ги повика унгарските власти да ја повлечат забраната за Парадата на гордоста
-
Руте: Целиот НАТО, вклучувајќи ги и САД, е посветен на борбата на Украина против Русија
-
САД ја продолжија вонредната состојба на Западен Балкан на уште една година
-
Трамп: САД следната недела ќе разговараат со Иран за неговата нуклеарна програма