Истражување: Корона вирусот мутирал во повеќе од 30 видови
Истражувачи од универзитетите во кинеската провинција Жеџијанг тврдат дека коронавирусот мутирал во повеќе од 30 видови и дека ова делумно го објаснува фактот дека тој однесе повеќе животи во некои земји отколку во други делови на светот.
Како што пренесува „Скај њуз“, научниците велат дека дошле до директни докази дека вирусот има мутации кои значително ја менуваат неговата патогеност.
Откритијата се резултат на истражувањето на тим чиј член бил истакнатиот епидемиолог Ли Ланџуанг, наводно, првиот експерт што предложил целосна изолација на Вухан, кинескиот град од каде потекнува пандемијата, за борба против ширењето на вирусот.
За време на студијата се истражувани примероци земени во раната фаза на пандемијата од 11 пациенти во една болница во Хангжу и откриено „со ултра длабоко секвенционирање“ постоење на 33 мутации во вирусот познат како САРС-КоВ-2, вклучувајќи 19 нови.
Ново на Сител
-
Освен на културните работници, платата им доцни и на стотици други вработени во државни институции
-
Извештај на ММФ
-
Преглед на вестите од светот
-
Акција на МВР: Околу 50 осомничени за злоупотреби во ПИОМ
-
Неопходни се реформи во правосудството
-
Меџити: И со ДУИ и во Влада не оди
-
Необичен хуман гест- донација од 200 литри магарешко млеко за опоравување на повредените во Кочани
-
Преглед на вестите од светот