Истражување: Инспекциските служби за животна средина нетранспарентни
Инспекторатите за животна средина да го подобрат отчетот пред граѓаните. Овие институции не ја известуваат јавноста за тоа како постапиле по однос на претставките од граѓаните и каков бил епилогот од решавање на истите. Не прават ревизија врз реализацијата на годишните буџети и нема детални информации како ги трошат јавните пари. Истражувањето е направено во рамки на кампањата Разбистри се, а се опфатени 4 инспекторати во областа на живoтната средина.
- Пракса на иснпекторати е да даваат само бројки и табеларен приказ за број на спроведени инспекциски надзори без да се навлезе во начин како се решиле Ова е многу важно зашто овие податоци ќе дадат слика како функционира правниот систем и повреда нема право за животна средина, вели Кирил Ристовски.
Од невладините велат дека за да се подобри работата на овие инспекторати неопходно е да се зголеми и бројот на инспектори. Потребен е и информативен систем со отворени податоци и поголема вклученост на граѓанскиот сектор.
Истражувањето покажало и дека Инспекторатите ги одбивале поднесените претставки од граѓаните најчесто кога станувало збор за анонимни и нејасни претставки, наместо да ги едуцираат подносителите како да поднесат соодветна претставка.
-
Александра Костовска
Сите содржини од овој новинар