Истражување: ИД изгубила 14 проценти од територијата која ја контролирала во 2014

Џихадистичката група Исламска држава оваа година изгубила 14 проценти од територијата, која ја контролирала во 2014, според истражување на британскиот институт за одбрана „Ај Ејч Ес Џејнс“ (IHS Jane's).
Базирајќи се на информации од социјалните мрежи и извори во Сирија и Ирак, Институтот смета дека зоната, контролирана од ИД се редуцирала за 12.800 квадратни километри меѓу 1 јануари и 14 декември 2015 година.
Во моментот групата контролира 78.000 километри квадратни, според истражувањето.
Сириските Курди тројно го зголемиле размерот на зоната под нивна контрола, која во моментот се простира на 15.800 квадратни километри.
Една од територијалните загуби на ИД е северната гранична зона меѓу Турција и Сирија, во регионот на Тал Абијад, која беше еден од главните пунктови за преминување на турската граница, користен од џихадистите.
Други значителни загуби ИД понела во Ирак, каде што го изгуби градот Тикрит, рафинеријата во Баиџи и дел од главниот пат меѓу Рака и Мосул.
Иако ја изгубила контролата врз некои зони, ИД успеала да завладее други територии. Најголемите успеси во 2015 им биле настапувањето во западна Сирија, преку градот Палмира и преземањето на центарот на градот Рамади, се наведува во истражувањето.
Ново на Сител
-

Цената на дизелот се зголемува за 2,5 денари, на бензините за еден денар
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Уапсени две лица за пожарот кај „Рампа“ – повреден пожарникар и оштетени две противпожарни возила
-

Уапсен велешанец поради предизвикување пожар во Долно Оризари
-

Уапсени 11 лица кај кои е пронајдена дрога, при претрес во Затвор Идризово кај осуденик пронајдени таблети
-

ЦУК: Активен пожарот во месноста Пармакови Ниви во Кумановско
-

Фон дер Лајен: Итната потреба на Украина за посилна воздушна одбрана ќе биде тема на самитот на НАТО
-

Тешко повреден параглајдерист од САД во битолско
