Истражување: До 2070 година муслиманите ќе бидат побројни од христијаните
Исламот официјално е најпризната религија во светот, бидејќи христијанските нации неофицијално ја поддржуваат верата, се наведува во студијата на Истражувачкиот центар „Пју“ (PEW) од Вашингтон.
Во светот, 27 влади официјално го признале исламот, додека 13 го признале христијанството. Околу 40 влади признале некоја религија како државна, а 28 финансиски го поддржуваат христијанството.
Со анализа на 199 држави, утврдено е дека 43 имаат официјална религија, 40 имаат религија која ја преферираат, 106 земји немаат религија која поддржуваат, додека 10 се непријателски расположени кон религиските институции. Во овие 10 се Кина, Куба, Северна Кореја, Виетнам и некои поранешни советски републики.
- Во некои случаи, државните религии имаат улога од церемонијална природа, но разликата е видлива кога станува збор за права и даночниот систем, сопственост над недвижности и друг имот, како и пристап кон финансиска поддршка од државата. Владите кои воспоставиле една религија како главна ја регулираат верската пракса и ги ограничуваат или забрануваат малцинските верски групи. Повеќето земји во светот се наутрални кога станува збор за религијата“ се наведува во истражувањето.
Истражувачкиот центар од Вашингтон ги претстави и податоците, според кои се предвидува дека муслиманите ќе бидат побројни од христијаните до 2070 година, бидејќи исламот е најбрзо растечка религија во светот. Во 2010 година 1,6 милијарда луѓе се изјасниле како муслимани, што претставува 23 отсто од светската популација. Во 2017 година имало 2,2 милијарди христијани, што претставува 31 процент од популацијата, но во истражувањето се наведува дека со оглед на тоа дека муслиманите имаат повеќе деца, до 2070. Исламот ќе биде мнозинска религија.
Близу 62 отсто муслимани живеат во Индонезија, Индија, Пакистан, Бангладеш, Иран и Турција. се предвидува до 2050 година Индија да има поголем број муслимани од Индонезија, која сега се смета за најголема муслиманска земја.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-
МВ: ВМРО-ДПМНЕ 51,7% - СДСМ 10,9%
-
СДСМ вели дека Владата е раскарана, ВМРО-ДПМНЕ одговори дека е стабилна и функционална
-
Андоновски за првата антикорупционерка: Треба да си даде оставка
-
Обвинителството обезбедува докази од вчерашната престрелка на Бит пазар – власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања
-
Манасиевски: Од левичари и глумење скромност до деловни објекти во центарот на Скопје
-
Правда мора да има - протест за загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-
Помалку шетање по шалтерите во основните судови – и онлајн може да си извадите документ дека сте неосудуван