-->
-->
Истражување: „Чудовиштето од Лох Нес“ веројатно е џиновска јагула
-->

Во шкотското езеро Лох Нес утврдено е присуство на многу траги од јагули, насекаде низ подводната површина. Но, нема поголеми животни, како диносауруси, на пример, тврди професорот Нил Гемел, од новозеландскиот Универзитет Отаго. Па така, новата претпоставка на научниците е дека светски познатото „чудовиште од Лох Нес“, веројатно, е поголема јагула.
Примероците се земени минатата година во јуни.
– Јагулите се многу застапени во системот на Лох Нес… Во секое место од каде што земавме примерок, имаше многу траги од ова животно, рече Гемел.
Најпознатата слика на славната „Неси” е онаа од 1934 година, каде што ѝ се гледа главата и долгиот врат како ѕиркаат над водата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Шкендија Тетово и Силекс се финалисти во Купот на Македонија
-

МВР: Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило
-

Четири лица се лишени од слобода, седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Нападнат француски брод во Ормуската Теснина, има повредени
-

Рокас: Северна Македонија припаѓа на европското семејство и сме поблизу до таа цел отколку што мислиме, потребен е прагматизам и обединување
-

Божиновска: Денес отвораме нова фаза за македонската енергетика, Пазарот во тековниот ден е сигурносен вентил на нашиот систем
-

Царинска управа: Лишени од слобода три лица, меѓу кои и сопственичка на салон за убавина за криумчарење на медицински препарати
-

ЈО: Побарана подготвителна постапка за четири малолетнички за насилството врз 13-годишно девојче во Ѓорче Петров
