Истражна постапка за осомничениот кој сикувашр девојче во Скопје
Скопското Јавно обвинителство наредило спроведување истражна постапка за лице осомничено за полов напад врз дете во Скопје, а судија на претходна постапка на осомничениот му определил 30 дена мерка притвор.
- Основното јавно обвинителство-Скопје издаде наредба за спроведување истражна постапка за едно лице, осомничено дека извршило кривично дело - полов напад врз дете кое не навршило 14 години од чл. 188 ст.1 од Кривичниот законик, се наведува во денешното соопштение од Обвинителството.
Осомничениот се товари дека на 22-ри овој месец, околу 19:30 часот извршил полови дејствија врз 11-годишно девојче во гаража во близина на Млечен ресторан во Скопје.
По предлог на надлежен обвинител, судија на претходна постапка на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Возачот кој ја прегази Фросина осуден на 12 години затвор
-
Таравари си замина – ВРЕДИ очекува прелет на пратеници
-
Кој ќе биде министер за здравство по заминувањето на Таравари?
-
Фрчковски осомничен за злоупотреба на државни пари, тој вели – срамен притисок врз критичарите на власта
-
СДСМ: Целосен дебакл на надворешната политика - Владата не знае каде тера