Истраги против 5.000 криминални групи во Европа што заработуваат 110 милијарди евра

По неформалниот состанок на министрите за внатрешни работи на ЕУ, таа на прес-конференција рече дека тие биле во можност да замрзнат само еден процент од приходите и најави усвојување план за заплена на незаконски стекнати пари, јавија хрватски медиуми.
Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ, кој беше претседател на состанокот, рече дека граѓаните со право очекуваат владите да ја заштитат нивната безбедност.
Европските министри разговараа за борбата против организираниот криминал, тероризмот, трговијата со луѓе, заштитата на децата на интернет, како и миграцијата и сузбивање на мрежата за шверц на луѓе.
Неформалната средба во Загреб ја одржаа министрите за правда, при што комесарот за правда на ЕК, Дидие Рејндерс, најави дека во февруарти ќе се водат разговори за првиот извештај за владеењето на правото во ЕУ, што ќе служи за испраќање препораки и создавање политички притисок врз европските држави кои немаат независно судство.
„Ние би сакале да го видиме првиот годишен извештај за владеење на правото поставен на маса за време на германското претседателство“, рече Рејндерс.
Германија ќе го преземе претседателството со ЕУ од Хрватска на 1 јули годинава.
Ново на Сител
-

Во Сребреница ќе биде одбележана 31-годишнината од геноцидот над Бошњаците
-

Премиерот Мицкоски во посета на Охрид
-

Стабилно и топло време, утре услови за локална нестабилност
-

Украина го обвини Меѓународниот олимписки комитет за лицемерие
-

Синер без загубен сет го совлада Ѓоковиќ за финале на Вимблдон
-

Трамп: Иран бара продолжување на преговорите, ние се согласивме, но предупредуваме дека прекинот на огнот е завршен
-

СП 2026: Една жртва во прославата по пласманот на Франција во полуфиналето
-

Проширена истрагата за ботоксите, осомничени уште четири лица
