Истрагата завршена, во тек е увидот во доказите за „Рекет“
Аферата „Рекет“ е круцијален тест за системот на правната држава и треба да се реши темелно до крај не заради Европа, туку пред се, заради нас самите. Не смееме да ги толерираме евентуалните странични влијанија без разлика од која страна доаѓаат. Оваa порака вчера ја испрати претседателот Стево Пендаровски на третата пленарна сесија на Националната конвенција за Европската унија во Република Северна Македонија, што се одржа во републичкото Собрание.
Пендаровски како разочарувачка ја спомена состојбата што од осамостојувањето на земјава до денес има многу малку пресуди за случаи за висока корупција и изречени соодветни санкции. – А сите знаеме дека такви злоупотреби има многу. Овој факт говори дека високиот криминал и корупција биле прикривани и сме етаблирале култура на неказнување, рече Пендаровски.
Според него, треба да им дадеме максимална поддршка на нашите институции во борбата против корупцијата со цел културата на неказнивост да стане минато. За успешно справување со криминалот и корупцијата, порача шефот на државата, потребно е обединување на сите, од власта опозицијата, бизнис секторот, граѓанските здруженија.
Јавниот обвинител Љубомир Јовески вчера, пак, изјави дека постапката за расветлување на аферата наречена „Рекет“ оди сеопфатно, без странични влијанија со обезбедување релевантни докази против инволвираните во кривично-правните дејствија.
Јовески на панелот „Како против корупцијата“, во рамки на Третата пленарна сесија на Националната конвенција за ЕУ во Република Северна Македонија, се осврна на борбата против корупцијата. Според него, тој феномен го разјадува секое општество и затоа е неопходно ефикасно справување и тоа не само, како што посочи, заради Брисел или евроатлантските аспирации, туку заради нас, заради граѓаните и заради државата.
Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која е третоосомничена во случајот „Рекет“, вчера со полициско возило и придружба од КПУ Затвор – Скопје, каде издржува мерка притвор, беше донесена во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција. Јанева го искористи правото да изврши увид во доказите за случајот „Рекет“, кој траеше повеќе од три часа. Потоа со полициско возило и придружба беше вратена во затворот. Нејзините адвокати Ирена Фрчкоска и Дељо Кадиев продолжија со увидот во доказите за случајот.
Кадиев по излегување од Обвинителството изјави дека го почнале увидот во доказите и најави дека ќе продолжат и денеска, а најверојатно и в понеделник. – Почнавме со увид во доказите. Во дел беше присутна и Катица Јанева и потоа мораше да биде однесена назад во Затворот во Шутка. Ние продолживме до малку подоцна, меѓутоа не успеавме да завршиме со сите, ќе продолжиме и утре, а веројатно ќе остане и за понеделник, изјави вчера Кадиев.
Прашан зошто Јанева беше вратена во затвор, Кадиев рече дека затворот има свој куќен ред и оти тие немале никаква забелешка на тоа и се согласиле да продолжат како нејзини бранители.
Надлежниот обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Рускоска, на почетокот на неделата, по севкупната анализа на прибраните материјални и вербални докази информираше дека е завршена истражната постапка за „Рекет“ и дека тече рокот од 15 дена за увид во доказите за првоосомничените лица и правото на одбраната да предлага докази во корист на осомничените.
Обвинителството за организиран криминал и корупција го отвори случајот „Рекет“ во јули годинава, против Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милевски-Кичеец, за потоа истрагата да се прошири и против Катица Јанева. Јовановски и Јанева се во притвор во Затворот – Скопје, а Зоран Милески – Кичеец со одлука на судот е префрлен во домашен притвор.
Ново на Сител
-
Обвинители вршат надзор во обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција
-
Тошковски: Барањето за моја интерпелација е обид за манипулација
-
Инфраструктурното поврзување на туристичките локалитети руралните средини приоритет за развој на Југоисточниот регион
-
Преглед на вестите од свет
-
Мицкоски во Брисел
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вице премиер за евроинтеграции
-
Бишев: Или подоцна во пензија или повисоки даноци
-
Родители бојкотираат настава во основното училиште “11 октомври”