Истрагата за смртта на ракометарот Тот се сели на Клинички
Здравствениот инспекторат се вклучува во случајот со смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот. Во тек е вонреден инспекциски надзор на Итната медицинска помош во Скопје, во Ургентен и во КАРИЛ. Утре инспекцски надзор ќе се прави и во Судска медицина.
-Во овој момент треба да се сочека комплетниот обдукционен извештај. Кога тој ќе биде готов ќе биде комплетиран и целиот извештај од вонредниот испекциски надзор и истиот ќе му биде предаден на министерот, вели директорката на ДСЗИ, д-р Ирина Сотировска Бухова.
По контрадикторните изјави и извештаи кои доаѓаа од здравствените работиници денеска се огласи и Карил од каде велат дека ги осудуваат сите шпекулации во јавноста. Оттаму велат дека ракометарот Денис Тот во Ургентниот центар бил примен без срцева акција и знаци на живот и без видливи повреди. По реанимација која траела половина час воспоставена била срцева акција. Направена била компјутерска томографија на целото тело. При самиот прием на пациентот, повикани биле сите екипи, од Неврохирургија, од Абдоменална хиругија, Торакална и од Трауматологија за да се изјаснат по однос на наодот од компјутерската томографија.
Отокот на мозокот бил констатиран на томографијата, а како што се вели во соопштението, тој може да биде од повеќе различни причини, меѓу кои и недостаток на кислород во мозокот и враќањето во живот кое траело половина час.
- Пациентот кој по приемот и реанимацијата е префрлен на КАРИЛ, почина на 8 април во пладневните часови после 24 часа борба за живот и неколку дополнитени реанимации. Телото без видливи надворешни знаци на насилство и поради нејаснотии за причината за смртта беше предадено на Институтот за судска медицина за да се направи обдукција и да се расветли причината зошто настанал прекин на работата на срцето и што е точно причината за глобалниот едем на мозокот и смртта. Од самиот прием во Ургентниот центар, МВР е известено за состојбата на пациенот. Во текот на вчерашниот ден целокупната документација беше предадена на Јавното обвинителство. Денес медицинската документација е на увид и на ДСЗИ.
Полицијата се уште трага по 28-годишникот А.Ѓ. кој заедно со уште едно момче и девојка го претепале ракометарот пред ноќен клуб во Градскиот парк. Момчето и девојката кои беа приведени од полицијата добија 30-дневен притвор поради опасност од бегство и можност да ја попречат истрагата.
Ракометарот почина во петокот. Иако првичните извештаи говореа дека најверојатно починал поради срцев удар, обдукцијата покажа дека причината за неговата смрт е повреда на главата и мозокот. Според Судска медицина, тој паднал со задниот дел од главата на асфалтот и загубил свест. Тројцата осомничени наместо да му помогнат продолжиле да го удираат по главата и го оставиле да лежи на тревник пред ноќиот клуб.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар