Истрага за разбојништво во казино во Кочани

Основното јавно обвинителство Кочани донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело – разбојништво.
Од Обвинителството соопштија дека осомничениот на 22 декември, во казино на улицата „Маршал Тито“ во Кочани, употребил сила врз двајца вработени и одзел пари во вкупен износ од 76.400 денари со намера противправно да ги присвои.
– Кога вработена во казиното од апарат за игри на среќа извадила кутија со пари, односно таканаречен „стакер“, осомничениот и пришол, со сила почнал да ја турка и да ја влече кутијата. При обидот да и ја одземе кутијата и нанел и телесни повреди на рацете. Друг вработен се обидел да ја заштити оштетената, но осомничениот и него започнал да го удира, турка и влече. Откако ја одзел кутијата во која имало пари во различни апоени, осомничениот излегол од казиното и побегнал, упатувајќи се кон граничниот премин со Република Бугарија кај Делчево со намера да ја напушти државата. Притоа, бил забележан и лишен од слобода од страна на полициските службеници на граничниот премин, информираа од ОЈО.
Од Обвинителството наведоа дека надлежниот јавен обвинител ги ценел сите околности во предметот, особено опасноста од бегство на која упатува однесувањето на осомничениот веднаш по настанот и фактот што тој од 2009 година имал пријавено престојувалиште во Италија каде живее негов близок роднина и каде имал намера да замине со неговото семејство.
– Освен ова, обвинителот оцени дека постои опасност осомничениот да влијае врз сведоците во кривичната постапка, па до судијата на претходна постапка достави и Предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена, соопштија од ОЈО.
Ново на Сител
-

Обвинителството побара доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

21-годишен скoпјaнeц привeден oткако со мотoцикл удрил во пoлициски службeник
-

Груби на 13 септември излегува од куќен притвор, нуди гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителната мерка на претпазливост
-

Мицкоски: Починати и иселени лица примале државна помош – откриени над 4.500 фиктивни корисници
-

77-гoдишен пeшaк починал откако бил удрен со патничко возило - возачот го напуштил местото
-

Камион со железни профили криел 79 килограми марихуана – разбиена меѓународна криминална група на Дојран
-

Радев: Два брода погодени со дронови во Црното Море, еден потона – екипажот исчезнат
-

Судијата Кацарска на меѓународна конференција во Црна Гора за европската интеграција, владеење на правото и ВИ во судството
