Џет-Сет
25. September 2016 - 10:01

Истрага за наводна продажба на хакирани фотографии на Пипа Мидлтон

Британски Скотланд јард соопшти дека води истрага околу информациите дека се хакирани 3.000 фотографии на Пипа Мидлтон, сестрата на војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, како и дека некој се обидува да ги продаде.

Таблидите „Сан“ и „Дејли мејл“ тврдат дека фотографиите биле украдени од „АјКлаудот“ на Пипа Мидлтон, како и дека на нив ја има нејзината сестра, но и принцот Џорџ и принцезата Шарлот.

Се наведува дека преку кодирани пораки на „Ватсап“ непознато лицеј им ги понудило на медиумите овие фотографии на продажба, кое од „Сан“ побарало 58.000 евра.

Пипа е верена за инвестицискиот банкар Џејмс Метјуз, за кого треба да се венча следната година, а на хакираните фотографии наводно имало и снимки од подготовките за свадбата.