Македонија
18. September 2024 - 20:39

Истрага за две разбојништва извршени од 25-годишник во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишник од тетовско Боговиње осомничен дека сторил две кривични дела „разбојништво“.

Како што соопшти државното Јавно обвинителство, на 12 септември тој влегол во обложувалница на улицата „Никола Тримпаре” и со опасно орудие – скалпел се заканил по животот на една вработена и одзел 211.680 денари од сефот и касата.

На 14 септември, на сличен начин, од обложувалница во трговскиот центар „Лептокарија”, заканувајќи се со скалпелот на еден вработен, одзел 80.250 денари.

-Бидејќи постои опасност од бегство, можност да ја попречува постапката и да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, информира ЈОРСМ.

Ново на Сител