Истрага против две лица за трговија со дете

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица од Тетово, кои се сомничат дека сториле по едно кривично дело – трговија со дете.
– Имено, осомничената, искористувајќи ги сознанијата од ќерка си дека нејзината петнаесетгодишна другарка е со починат татко и болна мајка и живее во тешки семејни и материјални услови, го земала девојчето во својот дом. Таа, од користољубие преку интернет комуникација договарала средби и сексуално го експлоатирала детето – жртва. Осомничената го терала девојчето лажно да се претставува како полнолетно и го испраќала или го носела со свое возило по хотели во Тетово, каде по претходен договор за одреден паричен надомест, им овозможила на други лица да користат сексуални услуги од детето, соопштија од ОЈО.
Наведоа дека второосомничениот, како сосед на осомничената, иако знаел дека детето е малолетно и знаел за сексуалнатa злоупотреба, наместо да го пријави кривичното дело, го искористил девојчето за остварување на парична заработка. Тој го однел детето во хотел во Тетово и од клиент наплатил за сексуалните услуги. Девојчето искористувајќи погоден момент и прилика ги пријавило осомничените.
– Ценејќи дека се исполнети законските услови, обвинителот до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за определување мерка притвор. Ваквиот предлог Судот го прифати, па со решение на двајца осомничени им определи притвор во траење од 30 денa, посочија од ОЈО.
Ново на Сител
-

Најмалку едно лице загина при нови напади на Хутите врз саудиските аеродроми
-

Македонскиот борач Топузовски освои бронзен медал на меѓународно натпреварување во Италија
-

Премиерот Мицкоски и министерот Николоски на почеток на изградба на автопатот Букојчани - Кичево
-

Манчестер Сити го освои Енфилд и остана со максимален ефект
-

Струмица 2001 го совлада Пелистер во Супер кошаркарската лига
-

Облачно со повремен локален дожд
-

Зеленски: Не сум запознаен со „енергетското примирје“, но Украина е подготвена да го прифати
-

Охриѓанец го загубил животот откако неговото кану се превртело во Охридското Езеро
