Историско значење на ирачкиот град Мосул

Мосул, кој е вториот по големина град во Ирак, е под контрола на џихадистичката група Исламска држава од јуни 2014 година. Ирачките сили, поддржани од коалицијата предводена од САД, денеска започнаа офанзива за ослободување на градот од ИД.
Мосул е најголемиот град во северниот дел на Ирак и главен административен центар на провинцијата Ниневија, која е богата со нафта. Низ градот, кој се наоѓа на 350 километри северно од Багдад, минува реката Тигар.
Градот се наоѓа на трговската крстосница меѓу Турција, Сирија и останатиот дел на Ирак. Пред да стане арена на секојдневно насилство по американската интервенција во 2003 година, Мосул беше познат по памучниот материјал - муслин, по историските објекти и споменици од 13. век, како и парковите.
Тој беше последниот бастион на партијата Баас и на поранешниот диктатор Садам Хусеин, потоа стана упориште на Ал Каеда, а на 10 јуни 2014 година градот падна во рацете на ИД.
Населен е главно со сунити, но се наоѓа во регион каде живеат мнозинство Курди. Илјадници христијани го напуштија градот кога во јули 2014 година им беше поставен ултиматум да го прифатат исламот, да плаќаат специјални давачки или да си заминат инаку во спротивно ќе бидат егзекутирани.
Моментно се претпоставува дека во Мосул живеат околу еден и пол милион луѓе, најголем број Арапи сунити.
Минатата година џихадистите објавија видео снимка на која се гледа како уништуваат артефакти во музеј на Мосул, кој е изграден во антички период.
Ново на Сител
-

Франција регистрираше над 5.700 дополнителни смртни случаи за време на јунскиот топлотен бран
-

Ветерот го однесе знамето на Македонија од јарболот во центарот на Куманово, ќе биде поставено ново
-

Просечната нето плата во мај 49.544 денари
-

Сопственик на ресторан со две „Мишелин ѕвезди“ во Јужна Кореја се соочува со затвор оти послужувал мравки во десерт
-

ЕВН Македонија: Невремето ја оштети и дистрибутивната мрежа, 90 отсто од дефектите се санирани
-

Герасимовски: Кризниот штаб на Центар со итни мерки, се вклучуваат и куќните совети, теренските екипи работат во повеќе смени
-

Клиничка болница-Штип: Пациентите со скршеници од источниот регион да се транспортираат во другите болници
-

62-годишник силувал девојче кое не наполнило 15 години во Струмица
