Македонија
21. November 2016 - 15:32

Истепан судија по фудбалски натпревар во Горна Бањица

Група граѓани од село Бањица го нападнале главниот судија С.М. (28) по вчерашниот фудбалски натпревар меѓу екипите на село Горна Бањица и „Беса“ од село Добридол.

Како што соопшти МВР, немилиот настан се случил попладнето околу 15 часот во село Горна Бањица, Гостиварско, а поради брзата интервенција на полицијата бил спречен посериозен инцидент.

Во Полициската станица - Гостивар судијата посочил дека меѓу напаѓачите го забележал Е.А. кој со тупаници во пределот на главата и со нога во пределот на телото му нанел повреди, а потоа почнале да го удираат и други лица од село Горна Бањица.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.