Истекува рокот за барање за субвенции за ориз, оризова арпа, градинарски и овошни култури и органско производство
Истекува рокот за аплицирање за добивање финансиска поддршка на производителите на ориз и оризова арпа, на произведени и предадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети, како и за производителите на органски земјоделски производи, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Пет денари по килограм ќе добијат земјоделските стопанства што имаат засеани и ожнеани површини со ориз и оствареното производство на оризова арпа да не надминува над 5,5 тони по хектар, а родот да го предале на регистрирани откупувачи во периодот од 1 октомври до 25 декември годинава.
Финансиска поддршка од три денари по килограм ќе може да добијат и сите земјоделци кои произвеле и предале градинарски или овошни култури од овогодинешната реколта во преработувачките капацитети.
Барањата за финансиска поддршка се поднесуваат по електронски пат во подрачните едниници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, најдоцна до денес. Во прилог на барањето треба да се достави потврда за откупените земјоделски производи издадена од страна на регистрираниот преработувачки капацитет.
До денеска е и рокот за поднесување барањата за добивање финансиска поддршка за органските производители за преработка на органски производи вклучително за доработка и пакување самоникнати видови со органско потекло, за трговија или извоз на свежи и преработени органски производи и органски производи од домашно потекло, за стучна контрола и сертификација и за анализа на својствата на почва и производи.
Сите информации и потребни документи може да се најдат во Упатството за корисници кое може да се преземе од веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk во делот „Директни плаќања 2018“, „Упатства за корисници“.
Ново на Сител
-
Сончево и топло, максималната температура до 38 степени
-
Во Израел денеска е ден на протести, со барање за распишување избори
-
Втор круг од парламентарните избори во Франција, се предвидува релативна победа на десницата
-
На ГП Табановце за влез и излез од државата се чека по околу половина час
-
Зеќирија Ибрахими е нов претседател на Алтернатива избран на вонредниот конгрес во Куманово
-
Кратово блесна во полн сјај на првата фестивалска вечер од ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 | ФОТО
-
МВР го барала да го уапси, а тој пробал да лета преку аеродромот во Скопје
-
Повреден германски параглајдерист - Летал над Крушево