Истекува рокот за аплицирање за субвенција за објавен научен труд
Уште неколку дена трае рокот за аплицирање за субвенција од МОН за научен труд објавен во меѓународно списание со импакт-фактор во 2014 година. Владата и МОН ја воведоа оваа мерка пред неколку години за да ги стимулира научно-истражувачките активности на професорите и истражувачите и доделува по 30.000 денари финансиска поддршка за секој објавен труд.
Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска ги повика авторите кои објавиле минатата година да ја искористат можноста и да аплицираат во рокот. Соопшти дека досега МОН доделило приближно 600 субвенции.
- Во наредните неколку дена завршува рокот за апликација за објавени трудови во 2014 година и би сакал да апелирам до сите лица кои се занимаваат со научно-истражувачка дејност, независно дали се од академската заедница, може и од останатите кои имаат изработени и објавени трудови за 2014, а се уште ги немаат пријавено во МОН за добивање соодветна субвенција, да го искористат своето право во наредните неколку дена и да аплицираат за финансиска поддршка, изјави Ристовски кој денеска го посети ОУ „Мирче Ацев“ во општина Ѓорче Петров.
Критериум за добивање субвенција е во кои списаниија е објавен трудот. Ристовски додаде дека секој поквалитетен труд, кој ги задоволува критериумите и стандардите, ќе биде подджан од МОН, зашто со тоа директно се стимулира и развојот на научно-истражувачката дејност во државата.
Во изминатите три години се аплицирало за трудови од различни научни области, но најмногу се субвенционирани тие од природните науки.
- Генерално, и во рамки на општествените но, на мое засоволство, и кај техничките и природните науки, се голем број трудови. Можам да ги истакнам природните науки како водечки во научно-истражувачките проекти кои се реализираат и трудвите кои се објавуваат во списанија со импакт-фактор, рече Ристовски.
На новинарско прашање дали за него е прифатлива иницијативата на ДУИ за основање универзитет на албански јазик во Скопје, Ристовски одговори дека нема слушнато за таква иницијатива.
- Јас можам да кажам од аспект на Министерство за образование и наука дека МОН нема добиено каква било иницијатива, ниту се работи за каква било подготовка за таков проект или процес, рече заменик-министерот за образование и наука.
Ново на Сител
-
Исплатени 265.720.530 денари субвенции кон 4 659 земјоделци, инвестиции од 16.041.565 во сточарството
-
Старица пријавила измама од 30 илјади евра од лице кое се претставувало како лекар
-
Мицкоски: По седум години застој градиме интерконектор за гас со Грција
-
Голем пожар во југоисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина
-
Стефановски го собори македонскиот рекорд во скок со стап, стар 57 години
-
Путин не оди на самиот на БРИКС во Бразил заради опасност од апсење
-
Папа Лав Четиринаесетти: Парите одат кај „трговците со смрт“ наместо во болниците и училиштата
-
Приведени пет лица од Турција на македонско–грчката граница, оствариле нелегален влез во државата