Исповед на жртва на семејно насилство: Свекрвата ми се смееше додека маж ми ме тепаше
Цели 30 години Р.Б. трпела малтретирање и семејно насилство и дозволувала свекрвата да им го уредува бракот, а со време нејзиниот сопруг почнал да ги слуша и спроведува мајчините совети со ќотек. Како што раскажала несреќната жена, тепани биле и таа и нејзините синови.
– Кога беше најбрутален мислев дека ќе ми ги скрши сите коски, изјавила Р.Б. за српски Блиц.
Таа самата себе се обвинува што претходно не собрала храброст и да им се спротивстави на нејзиниот сопруг и свекрва и да стави крај со семејното насилство.
-Никогаш не постоеше никаков договор со него. Ќе ветеше дека ќе престане да ме тепа, па пак за некое време иста песна. Секогаш правеше тоа што сака и што ќе науми… или тој или неговата мајка. На крајот на целата приказна влезе и алкохолот кој само ги влоши работите. И покрај тоа што знаев некогаш да и се пожалам на неговата мајка дека малтретирањето ги преминува сите граници, таа никогаш не реагираше, дури ни кога беше сведок на ќотекот кој го добивав. Гледаше и уживаше, вели несреќната жена.
Ново на Сител
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва
-
Си префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машини за да се коцка, кривична за 28-годишна Кочанка
-
Кривична пријава против двајца Турци за фалсификување исправа
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени