-->
-->
Исповед на пилотот на Тито: Воспоставивме контакт со НЛО
-->
Пилотот на Тито, Суад Хамзиќ, го привлече вниманието на јавноста тврдејќи дека три пати видел непознати летачки објекти.
Во Белград во средината на 80-тите години е формирана организација која се занимавала со средбите на тогашните војници на ЈНА со неидентификувани летачки објекти, чија структура и брзина не можеле да се објаснат.
- Највпечатлив ми остана оној од 20 август 1970 година, кога во двоседот МиГ-21 со пилотот Душан Стипиќ имав блиска средба со такво летало над Плашко (во хрватскиот регион на Лика). Бевме испратени по алармот од радарскиот центар и многу брзо воспоставивме визуелен контакт со објектот, многу голем, кој зрачеше светлина. Се качувавме со надзвучна брзина, но не можевме да ја пресметаме висината. Јас проценив дека е околу 22.000 метри, и во еден момент овој лебдечки објект што го гледавме забрза и исчезна. Тој се изгуби од радарот – раскажува Хамзиќ.
Тој, исто така, вели дека неколку месеци подоцна видел сличен објект на небото што исчезнал на ист начин, а во 1974 година дури пролетал покрај светлечки НЛО на летот над Карловац.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Министерството за култура ќе поддржи 1365 проекти од национален интерес
-
Подигнување на свеста за органодарителство
-
Преглед на вестите од светот
-
Граѓански протест ,,Кој е следен‘‘ за смртта на Фросина Кулакова во Скопје
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски - Коалиција ,,Сите за правично судење"
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари
-
Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот