Живот
30. January 2018 - 11:44

Исповед на една мајка: Му дадовме леб, а тој ни го силуваше детето

Гордан го примивме дома, јадеше со нас, спиење тука, се делеше со нашите деца, а како ни врати? Така што ни ја силуваше ќерката, и тоа додека сите бевме дома.

Со овие зборови 26 годишната мајка на 7 годишно девојче ја започнува приказната за гостинот во својот дом кој има 49 години.

Педофилот на девојчето му ги соблекол пантолоните, а потоа со јазикот и прстите ја допирал на интимните делови, по што и се заканил дека ќе ја убие доколку му каже на некој за оваа случка.

Девојчето сепак се пожалило на својата мајка, која го пријавила во полиција. Мајката и раскажала на полицијата што се случило таа ноќ.

„Гордан сечеше дрва кај нас, па остана дома. Сопругот и свекрвата беа во дневната соба и гледаа телевизија, додека јас перев. Тој ги искористил 5-те минути додека мојата ќерка била сама во нејзината соба, влегол и ја злоставувал", вели мајката.

Како што наведува таа, монструмот по чинот го прашал нејзиниот сопруг дали може со девојчето да оди до продавница.

„Тие тргнаа накај продавници и ништо нам не ни падна сомнително бидејќи тоа е нешто што секојдневно се случуваше. Се однесуваше како да го сака нашето дете, никогаш немаше опсуено пред неа и му веруваме. Меѓутоа, кога се вратија, ќерката дојде до мене и ми кажа што се случило. Ми раскажа дека и се заканил дека ќе ја претепа ако на некој нешто му каже бидејќи и нејзиниот татко ќе се стеше ако слушне што тој и направил", вели мајката.

Шокирана од страшното сознание, мајката веднаш му кажала на својот сопруг.

„Го замолив сопругот да го испрати Гордан повторно во продавница за му кажам. Ќерката и јас потоа му раскажавме што се случило и тој веднаш го повика својот пријател која е полициаец. Се сомневам дека гадот се слушнал пред врата, бидејќи веднаш штом се шврати од продавница ги фрли кесите и почна да се поздравува со сите. По советот од полицијата се обидовме да го задржиме, но тој побегна", додава мајката.

Силувачот веќе вечерта бил уапсен во напуштена куќа каде се криел.

„За него нема казна која му одговара. Тој ден можев да го убијам, но сфатив дека портади монструм не вреди да се оди во затвор. Полицијата беше кај нас и детето го однесоа на преглед. Таа не е повредена, но ова е работа која таа не треба да ја доживее во 7-та година", додава мајката.