Исповед на девојката која преживеа: Вељко нè доведе до реката, бидејќи таму се "смирува"!
Андријана Ј. (26) и Вељко Б. (50) беа во автомобил "Форд", кој во вторникот 9-ви јануари падна во Дунав кај Ада Хуја. Возилото било паркирано на брегот, а потоа тргнало во водата, и една девојка и еден маж за среќа избегнале сериозни повреди.
Целиот настан, сепак, го привлече вниманието на медиумите поради тоа што се случи на истото место каде што во ноември 2014 година, тројца млади луѓе се удавија во возилото што упаднаа во Дунав.
- Тој ден во 10 часот, во новите гробишта беше погреб на мојот многу добар пријател, кој неколку дена пред тоа, трагично загина во сообраќајна несреќа. Вељко се понуди да ме вози од Земун за да стугнам на време. Погребот заврши во 11.15. Вељко рече да пиеме кафе некаде на брегот ", бидејќи реката го смирува." Јас не се грижев, бев сосема отсутна, носо оглед на тоа двапати постар од мене и добар пријател на моето блиско семејство, се чувствував безбедно ", изјави Андријана.
Вељко, како што тврди таа, без предупредување го спуштил автомобил под рампата, до водата и го запрел возилото.
- Не ми е јасно, возилото беше угасено и пракирано и тргна само од себе, од сега непознати причини. Бидејќи јас не сум возач, не ни знев што би можела да направам да го запрам. Паднавме во Дунав и втрлогот почна да не носат кон средината на реката. Прозорецот ми беше отворен. Благодарение на разумот, успеавме да излеземе од возилото што потона како Титаник", вели Андријана.
Вељко се фатил за јаже на некој чамец, а Андријана ја спаисиле од соседен брод, од каде виделе што се случува. Помошта дошла од блискиот брод што се движел.
Ново на Сител
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите
-
Дел од извештаите на светските медиуми за претседателските избори во државава
-
ДИК: Oд обработени 80,03% oд гласовите Силјановска Давкова 284.775, Пендаровски 139.167
-
Јакимовски: Резултатите се далеку од моите очекувања
-
ДИК: Oд обработени 77,32% oд гласовите Силјановска Давкова 272.729, Пендаровски 133.184
-
Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа
-
Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ