Бизнис
19. July 2017 - 20:58

Исплата на ланските субвенции за пченица до 21 јули, бараат производителите

Земјоделците од Овчеполието со трактори и приклучна механизација на мирен протест поради игнорантниот однос на ресорното министерство. Велат дека министерот за земјоделие не нашол време да ги прими и ислуша, ниту пак да ги разгледа нивните барања кои му биле доставени по писмен пат. Затоа решиле јавно да проговорат за проблемите кои ги тиштат.

- Значи целосна исплата на субвенциите за 2016-та година-изјави Љубе Атанасов, член на ИО на Здружение „Овчеполски фармер“-Свети Николе

Иако се говореше дека субвенциите се 100 % исплатени, земјоделците имаат сосема спротивни тврдења.

- Субвенциите во Светиниколската општина се пуштени само 15 % -изјави  Ангел Стојчевски, претседател на Здружение „Овчеполски фармер“-Свети Николе

Бараат да им бидат доделени по 9500 денари по хектар посеана житарица и да бидат ослободени од плаќање на концесија за 2016-та, поради екстремно ниските приноси кои се резултат на сушата. Исто така се пожалија на новиот правилник за сметководствени услуги кој предвидува од 1-ви  јули да издвојуваат 12 % од нето заработувачката за книговодител.

- 10 % е персоналниот данок, а 12 % за книговодител, мислам дека е премногу-изјави земјоделец од Светиниколско

Доколку  до 21 – ви овој месец, од министерството повторно останат „глуви“ на нивните барања, ќе следи радикализација на протестите.

- Тракторите нема да бидат во блоковите (полињата) туку ќе се блокира цела Македонија, Овче Поле, Куманово- изјави Љубе Атанасов

Жетвата на пченицата финишира, а тие немаат никаков абер која ќе биде откупната цена.