Исламската држава во Либија е посилна од било кога

Исламска држава е посилна од кога и да е, вели во интервјуто објавено на интернет, претставник на групата, кој се претставува како нејзин нов лидер, пренесува БТА.
Абдул Кадер ал Наджди, претставен како „Емирот, назначен за администрирањето на либиските провинции“, вели дека се моли Либија да стане „авангарда на калифатот“ и ги предупредува соседните земји дека нема да успеат да се заштитат.
Според него, Исламска држава во Либија е се уште млада, но напредува во наметнувањето на верските закони на териториите кои се под нејзина контрола.
- Либиските провинции станаа дестинација за муџахедините и прибежиште за угнетените, вели тој.
- Бројот на имигранти од сите региони се множи и покрај постојаните обиди на Западот за спречување на имиграцијата, нагласува емирот, според кого либиските провинции се во постојана комуникација со централните власти во Ирак и Сирија.
Ново на Сител
-

Ристоска ја тужи ВМРО-ДПМНЕ за клевета и навреда
-

Стопирањето со БСЖ вакцината ги зголеми загриженоста и одговорите што ги бараат родителите
-

Преглед на вестите од светот
-

Ристовска го тужи ВМРО-ДПМНЕ
-

Владата пресмета 11.000 денари пониска потрошувачка кошничка од синдикатот
-

СДСМ: Никој не гласаше за 600 евра минимална плата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е како бугарски амбасадор во Македонија
-

Цените на угостителските услуги растат, но што добиваат гостите
