Свет
13. јуни 2016 - 16:05

Исламска држава презеде одговорност за нападот во Орландо каде загинаа 50 лица а повредени се 53

29- годишниот Омар Матин, роден во Њујорк во семејство кое мигрирало од Авганистан е човекот кој го изврши еден од досега најголемите масакари во Америка. Матин уби 50 и рани 53 лица во геј клубот ПУЛС во Орландо Флорида. Америка и светот се во шок.

Дали зад неговиот напад се крие ИД е прашањето на американските безбедносни служби? Полицијата на Флорида веќе потврди дека Матин за време на нападот се јавил во полициска станица и самиот тврдел дека е дел од најголемата терористичка организација. Исламската држава пак потврди дека зад масакрот во орландо стои војник на калифатот.

Омар Матин и претходно бил поврзуван со исламска држава, тој неколкупати бил на распит во ФБИ како личност која контакритирала со бомбаш самоубиец, но секогаш неговата поврзаност била оценета као незначајна.

Дека Матин бил психички нестаблна личност потврдува и неговата поранешна сопруга, која токму поради таквото негово однесување го напуштила. Дека бил нестабилна личностр потврдуваат и неговите колеги.

За разлика од неа, родителите на Матин ги демантираат ваквите тврдења, неговиот татко веднаш по објавувањето на неговиот идентитет тврди дека Омар бил голем хомофоб, но не и припадник на исламска држава. Матин редовно одел на молитви во локалната џамија.

Омар Матин веќе девет години работел во најголемата  компанија во светот која нуди услуги во облатса на безбедноста и носел оружје како дел од неговите секојдневни работни обврски.  Компанијата Г4С по масакрот тврди дека редовно одел на проверки но  никогаш не бил сомнителен.

Масакрот во Орландо дополнително ги подгреа барањата на Доналд Трамп за забрана муслиманите да влегуваат во САД. Тој на социјалните медиуми напиша дека ги предвидел ваквите најави и побара оставка од Обама, дополнително обвинувајки ја неговата против кандидатка Хилари Клинтон која нападот го оценила како терористички чин.

Сочуство и осуди пристигнаа од целиот свет. Писма до Обама и ЛГБТ заедницата испратија и Владимир Путин, Папата Франциск, Франсоа Оланд, Џастин Трудо, Матео Ренци, Нетанјаху и голем број светски лидери.