Исламистите се закануваат со убиство на заложник доколку не добијат откуп

Исламските екстремисти од Филипините, кои минатиот месец му ја отсекоа главата на еден Канаѓанец, најавија дека ќе убијат уште едно лице кое го држат како заложник, доколку во рок од четири недели не им се исплати повеќемилионскиот откуп во долари.
Во видеото кое го објави движењето „Абу Сајаф“, близок до Исламска држава, прикажани се Кананѓанецот Роберт Хол и Норвежанецот Кјертен Секингстад во портокалова облека, обиколени со вооружени луѓе со маски на лицата.
Тие пред камерата велат дека киднаперите им се заканиле дека ќе убијат барем еден од нив ако до 13 јуни не им бидат исплатени 12,8 милиони долари
Во април терористите од Абу Сајаф го убија Канаѓанецот Џон Риздел, следниот ден откако измина рокот за давање откуп.
Имено, Риздел, Хол и Секингстад, како и филипинската девојка на Хол се киднапирани минатата година на туристичкиот остров Самал, кој е на 100 километри од традиционалното седиште на Абу Сајаф.
На организацијата и се препишуваат некои од најтешките терористички напади во историјата на Филипините.
Иако лидерите на движењето ја искажаа верноста кон ИД, аналитичарите велат дека Абу Сајаф е повеќе насочен кон исплатување на „долговите за киднапирање“ на странци, отколку кон борбата за создавање на „калифат“.
Ново на Сител
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
