Македонија
10. July 2020 - 16:37

Искуства на директорот на Клиниката за неврологија доктор Иван Барбов - инфициран од Ковид-19

Директорот на Клиниката за неврологија синоќа објави дека е позитивен на Ковид 19. Доктор Иван Барбов во разговор за Сител вели дека прегледувал поголем број на пациенти во амбуланта изминатиот период, но не знае дали заразaта ја добил од некој од нив.

Се поголем број истражувања во светски рамки покажуваат дека корона вирусот предизвикува последици и на нервниот систем кои почнуваат со губење на сетилата за вкус и мирис а потоа стануваат и посериозни.

Доктор Барбов најавува ваква студија и во Македонија бидејќи и кај нас има заразени чии симптоми биле само невролошки.

Меѓу пациентите кои од Неврологија завршиле во ГОБ 8ми септември е и 20 годишен пациент кај кого Ковид 19 предизвикал воспаление на мозокот.