Искусен месар предупредува - Какво мелено месо треба да купувате?

На социјалните мрежи се шири текст за лошото мелено месо кое наводно може да се најде во продажба. Предупредувањето го напишал месар кој има 11-годишно искуство.
Ако може да му се верува на овој месар, дел од меленото месо кое се продава не би требало да го купувате.
- Фаширано месо – ВНИМАНИЕ!!! Јас сум месар 11 години, и со сигурност можам да кажам дека дел од месото кое го јадеме по квалитет е рамно со леш од некое животно, кое со денови стои на пат. Знаев да направам така убаво на лик мелено месо од месо старо еден месец, а се` благодарение на ладна вода, сол, шеќер и винобран… Затоа луѓе, ако месото е многу ситно фаширано, ако од надворешните страни е румено, а внатре темно и ако се прави пена кога го динстате, верувјате ми дека месото третирано на начин кој ви го кажав. Солта и ладната вода ја влечат смрдеата, шеќерот ја враќа бојата, а винобранот ја враќа свежината. Внимавајте што купувате и јадете… – напишал месарот.
Ново на Сител
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
-

Нов пожар во Штип
-

Мицкоски по средбата во Софија: Бугарија нема нови барања, тоа се истите од 2022 година
-

Мицкоски најави избори
-

ДЗР утврди сериозни слабости во остварување и исплата на правата од социјална заштита во Македонија
-

Савески не гледа ништо спорно што му се јавил премиерот
