-->
-->
Иско: Одиграме добро против квалитетен ривал
-->

Актуелниот европски првак Реал Мадрид успеа новата сезона да ја почне со пехар освоен во рамките на Супер купот што се одигра во Скопје. Прв играч на овој дуел беше Иско, кој е еден од главните играчи на „кралскиот клуб“ во последно време. Тој воедно беше стрелец и на вториот гол со што беше навестена победата и сосема заслужено го доби признанието МВП (најкорисен играч).
- Одигравме еден добар и квалитетен натпревар. Освоивме уште еден трофеј и среќни сме поради тоа. Ова е добар почеток за нас за новата сезона. Не беше лесно да се победи Манчестер Јунајтед, кој беше одличен ривал. Основната цел на Реал Мадрид е да победува и со тоа да освојува трофеи, изјави Иско.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мачката се чувствува најсигурно каде што седел нејзиниот сопственик
-

Поради очилата на Емануел Макрон падна серверот на веб-страницата на францускиот луксузен бренд
-

Борбата против сивата економија се интензивира, вели Димитриеска-Кочоска
-

Објавен ценовникот на дозволите за спортски риболов на Охридското Езеро
-

Фон дер Лајен: Близу сме до договор со САД за заедничка рамка за просперитет на Украина
-

Москва го потврди учеството во преговорите за Украина во Абу Даби
-

Шмихаљ: 22 јануари е најтешкиот ден за електроенергетскиот систем на Украина од 2022 година
-

Магла на неколку патни правци, сите патишта проодни, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
