Исклучена јавноста од "Рекет"

Судењето за случајот Рекет продолжи без присуство на новинарските екипи. По барање на одбраната на Катица Јанева, судот ја исклучи јавноста од денешното рочиште.
Како што наведе адвокатот Дељо Кадиев, тоа е поради докази поврзани со случајот Империја во кој осомничен е рекетираниот бизнисмен Орце Камчев, а предметот е се уште во истрага.
Инаку пред да биде отстранета јавноста од судницата, одбраната на Јанева презентираше документи од банкарската сметка на екс специјалната обвинителка според која таа немала други приливи освен платата и еден надоместок од Владата поради учество во телото за правосудни реформи.
На увид пред судот Јанева го достави и анкетниот лист во периодот од 2015 до 2019 година кој според нејзините адвокати, таа нема промена во имотната состојба.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-

Критики од ДУИ за ребалансот
-

Охрид полн со туристи, се бара место повеќе
-

Политички судир за фузијата на градинките во Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
