Свет
11. August 2015 - 14:58

ИСИЛ остана без 17.000 квадратни километри територија

Коалиционите сили под водство на САД изведоа 29 нови напади на позиции на терористичката организација ИСИЛ, на територија на Сирија и Ирак.
 
Од центарот на заедничката команда на коалиционите сили соопштено е дека силите под водство на САД вчера извеле напади на позиции на ИСИЛ во Сирија. Пет напади се изведени близу сирискиот град Хасекеа, додека останатите на позиции во близина на Халепа, Раке и Тел Абуада.
 
Коалиционите сили извеле и 21 напад на позиции на терористите во Ирак.
 
Еден од командантите на коалиционите сили Вејн Марото изјави дека по нападите во Сирија ИСИЛ има изгубено околу 17.000 квадратни километри територија.
 
"Силите кои беа вклучени во нападите против ИСИЛ, спасија и многу жители од терористите на ИСИЛ", завршува Вејн.