Исфрлете ги отровите од телото со рецептот на позната докторка Викторија
Докторката Викторија Семјанова е познат експерт за природно лекување, а во оваа прилика го сподели својот рецепт за радикално чистење на цревата.
Според нејзините зборови, тој е толку силен и толку добро ги исфрлува отровите од телото, дека со редовна конзумација дури можете и да спречите рак.
Клучот е во тоа што најголемиот број на отрови се во цревата, а поради тие токсини во телото се развиваат малигни болести.
Состојки:
– 500 гр. моркови
– 500 гр. цвекло
– рака суви кајсии
– рака суво грозје
– лажица мед
Подготовка:
Зеленчукот ситно исечкајте го и ставете го во неоштетено емајлирано тенџере. Прелијте со врела вода така што ќе биде два прста над зеленчукот. Додајте по една рака сецкани суви кајсии и суво грозје. Ставете го тенџерето на оган за водата да зоврие. Штом зоврие, тргнете го тенџерето од ринглата.
Кога ќе се олади малку, додајте една лажица мед и оставете да отстои поклопено 12 часа на ладно и суво место. Потоа течноста добро процедете ја. Течноста се пие, а останатото можете да искористите во припрема на јадење. Чувајте го во ладилник.
Оваа количина ќе ви биде доволна за два дена. Пијте ја по половина чаша (1-1,5дл) три пати дневно пред оброк.
За најдобар ефект на овој природен лек, идеално би било сите состојки да бидат од органско потекло.
Ново на Сител
-
Истрага за криминал во Лотарија
-
Расчистени повеќе убиства вршени во подземјето
-
Никој не открива кои објекти биле мета на терористичката ќелија поврзана со ИСИС
-
Мицкоски вели акциите се со поддршка од САД
-
ЗНАМ ја промовираше платформата за национално обединување, бара поддршка од сите партии
-
Мицкоски: Ниту еден данок нема да се зголеми
-
В сабота цело Скопје ќе остане без вода, ќе се затвора главната цевка за да се санираат дефекти
-
Акција на МВР: Разбиени картели во Арачиново и Чаир