-->
-->
Исени: Време е за победа!
-->

За саботниот натпревар со ФК Пелистер (15.30 Чаир) се произнесе играчот од средниот ред Бесар Исени,
кој меѓу другото рече дека Шкупи има повеќе од кога било потреба од
победа, за да се врати на горниот дел од табелата.
"Сигурно дека имаме слаб старт и многу лоша реализациа во нападот, но
мора да се напоменува дека оваа е како резултат дека се комонира една
нова екипа, и дека засилувањата дојдоа со задоцнување. Убеден сум дека
не заслужуваме да сме на оваа позиција на табелата, и ќе направиме се
што е можно да се вратиме што е можно побрзо на врвот. Токму на
натпреварот против Пелистер треба да го покажеме јакиот карактер на
екипата. Очигледно е дека имавме притисокот во некои моменти во текот на
првите кола, а во последниот натпревар против Победа ни беше досуден
пенал кој само судијата го виде. Се надевам дека во сабота, трите бода
ќе останат во Чаир, иако пред нас ќе имаме противник како што е
Пелистер, екипа која се покажа како изненадување на почетокот на
сезоната ", вели Бесар Исени.
На наптреварот Шкупи – Пелистер се очекува да дебитира и засилувањето
Кхалил Ламбин
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ИЈЗ со препораки за заштита на здравјето при патување
-

Српскиот премиер во Охрид на средба со Мицкоски, потврдена определба за натамошно унапредување на пријателските односи
-

Мицкоски: Македонскиот јазик е нашиот идентитет, култура и најсилна врска што не обединува, без разлика каде живееме
-

Трамп за кризата во Сеута: Еве што ги чека САД доколку се вратат демократите
-

ИЈЗ објави препораки за заштита од топлото време поради најавата за високи температури од утре до 7 август
-

Најтопло попладнево во Велес, Виница, Кавадарци и Демир Капија
-

Европејците ќе работат подолго: Возраста за пензионирање се зголемува во две третини од членките на ЕУ
-

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра, пазарот на недвижности во вториот квартал со вредност од 351,7 милиони евра
