Исени: „Мал шенген“ само како инклузивен процес за сите држави од Западен Балкан
Иницијативата на Србија за создавање т.н мал шенген е решение само како инклузивен процес за сите држави од Западен Балкан, смета Дриљон Исени од Стопанската комора на Северозападна Македонија.
Мини шенгенот, потенцира Исени, треба да биде инклузивен за сите држави од Западен Балкан. Не сме за тоа да се почне иницијатива која ќе дава некои бенефиции на одредени држави преку грбот на трети држави.
-Ние сме за тој пристап. Мини шенгенот или регионалната соработка била почетна точка и за основање на Европската унија и треба да имаме предвид дека во ЕУ нема расположение за проширување и нашата држава во најоптимистички рок може да очекува членство во 2025 година. Значи ќе чекаме минимум пет години, најоптимистички. На оваа иницијатива треба да се гледа од таа призма, дали може со мини шенгенот инклузивно да се решаваат проблемите што се јавуваат меѓу државите иако постои спогодбата ЦЕФТА. Тоа го гледаме како решение, но само ако е инклузивно со сите држави од Западен Балкан, изјави Исени, одговарајќи на новинарски прашања на презентацијата на извештајот за Глобалниот индекс за конкурентност.
Според Сојузот на стопански комори (ССК), како што оцени вчера претседатеката Данела Арсовска, на бизнисмените не им треба „мал шенген” со Србија и Албанија, туку реформи за влез во ЕУ.
– Во време кога сме условно пред вратите на НАТО и со можности за отпочнување преговори со Европската Унија, чудна е идејата да влеземе во економска дива градба „мал шенген” со Србија која има различни определби од македонските во надворешната политика, особено во пристапување кон Северноатланската алијанса, додека македонските ЕУ и НАТО определби, се повеќе од јасни. Од друга страна Албанија во сите извештаи на ЕУ е чекор зад нас во напредокот и оваа насока на превземање чекори за заедничко економско делување не би придонело значително за наш побрз развој, оцени во пишана изјава Арсовска.
Истовремено од Асоцијацијата на здруженија на работодавачите на превозните трговски друштва Макматранс оценија дека иницијативата е за поздравување затоа што на овој начин се отвора голем пазар за пласман на стоки и услуги во трите држави подеднакво, со целосно укинување на сите нестандардни мерки кои важат за најголем кочничар во растот и развојот на државите.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ за денеска и утре во Нови Сад закажа состанок со премиерите Зоран Заев и Еди Рама во Нови Сад, за неговата идеја за создавање „мал шенген“ со Албанија и Србија, како земји во регионот кои се многу мали за да влијаат врз економските показатели во Европа. Како што изјави неодамна Вучиќ, ја иницирал идејата за понатамошно отстранување на различните бариери за водење бизнис на територијата на трите држави и слободниот проток на стоки, луѓе и услуги.
Ново на Сител
-

Рубио: Притисокот на САД врз сојузниците во НАТО да вложуваат повеќе во одбраната не е непријателска работа
-

Трамп: Секој што го користи терминот вештачка интелигенција е „непријател“
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис

